Пет милиони евра би чинела гасификацијата на Чаир

Bez autora
Jan 12 2014

Министерството за економија во недела ја презентираше физибилити студијата за гасификација на општина Чаир. Резултатите од истражувањето ги објавија министрите за економија и за животна средина и просторно планирање Ваљон Сараќини и Абдулаќим Адеми, градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити и претставникот од компанијата која ја изработи физибилити студијата, Димитар Илиевски. Денеска сме тука заедно да информираме за текот на проектот за гасификација на Општината Чаир, со која Министерството за економија во јануари 2013 година потпиша Меморандум за соработка за имплементација на овој проект, со кој се согласивме дека потребно е да се изработи проектна документација за гасификација на општината, при што обврска на општината беше финансирање на изработката на Физибилити студијата за гасификација и Проценката на влијанието на животната средина од гасификацијата на општината, истакна Сараќини.

Пет милиони евра би чинела гасификацијата на ЧаирМинистерството за економија во недела ја презентираше физибилити студијата за гасификација на општина Чаир.

Резултатите од истражувањето ги објавија министрите за економија и за животна средина и просторно планирање Ваљон Сараќини и Абдулаќим Адеми, градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити и претставникот од компанијата која ја изработи физибилити студијата, Димитар Илиевски.

„Денеска сме тука заедно да информираме за текот на проектот за гасификација на Општината Чаир, со која Министерството за економија во јануари 2013 година потпиша Меморандум за соработка за имплементација на овој проект, со кој се согласивме дека потребно е да се изработи проектна документација за гасификација на општината, при што обврска на општината беше финансирање на изработката на Физибилити студијата за гасификација и Проценката на влијанието на животната средина од гасификацијата на општината", истакна Сараќини.

Тој информира дека согласно Студијата, проценетата вредност на инвестицијата е речиси пет милиони евра, од кои 860 илјади ЕУР е предвидено да се инвестира во примарната дистрибутивна мрежа, а 1,6 милиони ЕУР во секундарната дистрибутивна мрежа. Преостанатиот дел од инвестицијата во износ од 2,3 милиони ЕУР е инвестиција за изградба на приклучоци и адаптација на постоечката опрема.

Обезбедувањето на вкупната инвестиција е обврска на приватниот партнер и согласно Студијата е предвидено да се реализира преку кредитни средства во износ од 70% од инвестицијата и 30% преку сопствено учество на приватниот партнер.Сараќини потенцираше дека во јуни годинава Владата ќе отпочне процедура за изнаоѓање на концесионер за општината.

Гасоводната мрежа предвидена е да се изгради во две фази, и тоа во првата фаза би се изградил магистралниот вод, заедно со секундарните водови, приклучните водови, како и приклучоци за сите приоритетни објекти (школство, здравство, административни објекти, поголеми трговски и спортски објекти и сл.), а во втората фаза, развојот на гасоводот би зависел од желбите и можностите на корисниците, претежно од приватниот сектор-домаќинствата.

Придобиките од овој проект се од енергетски, економски и еколошки аспект. Енергетската придобивка би значела зголемување на сигурноста на снабдување и зголемување на енергетската ефикасност, додека, пак, од економски аспект тоа ќе значи помали финансиски трошоци за искористената енергија, како од страна на домаќинствата, така и од бизнис заедницата, отварање на нови работни места и како и ангажирање на градежната оператива за изградба на предметната инфраструктура.

По однос на еколошките придобивки од реализација на овој проект се изјасни министерот Адеми. Најзначајната придобивка е намалување на емисијата на штетни материи(CO2) и со тоа поголема заштита на животна средина, имајќи во предвид дека со воведувањето на природниот гас ќе се супституираат досега користените енергенси кои емитираат поголемо количество на штетни материи како мазутот, екстра-лесното масло и огревното дрво во процесот за греење. Адеми ја поздрави иницијативата на Министерството за економија и општината Чаир, истовремено упатувајќи апел и до останатите општини да го следат овој пример.

Градоначалникот на општината Меџити потенцирајќи ги придобивките од воведување на гасификацијата во општината, посочи дека, проектот ќе придонесе кон намалување на финансиските трошоци и тоа не само на домаќинствата, туку и на другите јавни згради, вклучувајќи ја и зградата на општината.

Отварање на нови работни места како и ангажирање на градежни компании кои ќе се вклучат во реализација на проектот, подигање на еколошките стандарди, но и прилив на финансиски средства во буџетот на општината од наплатата на концесискиот надоместок.

Физибилити студијата ја презентира димитар Илиевски од Топлификација Инжинеринг, кој истакна дека оправданост од воспоставување на Договор за ЈПП за развој на дистрибутивната мрежа за природен гас на територијата на општина Чаир, содржи техничка, економска и правна анализа за оправданоста за проектот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik